Успешна крводарителска акција во велешката Гимназија „Кочо Рацин“

Објавено: 11 декември, 2025, во 15:08 часот

Во Гимназија „Кочо Рацин“ денес се одржа уште една успешна крводарителска акција по повод патрониот празник на училиштето. Учениците, наставниците и вработените ја покажаа својата хуманост и поддршка кон заедницата, дарувајќи вкупно 17 крвни единици.

-Со оваа акција, вкупната бројка на собрани крвни единици на трите есенски крводарителски акции во велешките средни училишта достигна 75 крвни единици, што претставува значаен придонес за заедницата и уште една потврда за хуманоста на младите во Велес, соопштија од Црвен крст Велес.

Акцијата беше организирана со поддршка на волонтерите од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, а во нејзината реализација учествуваше и екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.