Успешна крводарителска акција во Здравствениот дом Велес

Објавено: 18 септември, 2025, во 15:15 часот

Во просториите на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ – Велес, денес се одржа крводарителска акција на која активно учествуваа вработените од оваа установа. Акцијата помина успешно, при што беа собрани вкупно 23 единици крв.

-Во реализацијата активно учествуваа и двајца волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст Велес. Изразуваме благодарност до сите крводарители за нивниот хуман гест, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина, соопшти Александра Илиевска од Црвен крст Велес.

Организатори на акцијата беа Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, со поддршка од Здравствениот дом – Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.