Иницијатива: Да се обели образот на прадедо ми Брашнаров!
Денови посветени на народниот учител и прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ да се организираат секоја година во Велес.
Манифестацијата да почне на 13-ти јули, денот на погибјата и да трае до 9 август, денот кога е роден Панко Брашнаров бара од државата и од општината пра правнукот на Брашнаров, Љубе. Тој вели дека иницијативата има за цел да го исчи црното петно и да го обели ликот на прадедо му.
„Да се обели образот на мојот дедо кого јас го нареков македонски Ганди затоа што негов познат израз е : „зборот е оружје“. Значи имал тенденција да го поттикне народот на свое размислување, на сопственото обединување на територијата на Македонија, мислам на периодот во кој живеел и работел. Станува збор за Македонците од Пиринска и Егејска Македонија, Пустец во Албанија, од Гора во Косово,“ рече Љубе Сарагинов Брашнаров
За велешкиот народен учител кој образувал генерации на Македонци со мислата „ пишувај и говори на народен македонски јазик“ особено треба да слушнат младите луѓе, вели овој историчар. Љубе смета дека постарите граѓани знаат што Панко Брашнаров преставува за Македонската држава и државност, од кого и зошто бил обесправен и поради што завршил на Голи Оток. Сега е време кога на младината треба да и се предочи животната мисија на дедо Панко преку која им го доближил народниот јазик на стотици тогашни Македонци, желни за образование, вели Сарагинов Брашнаров.
„ Токму на манифестацијата што сакам да се организира младите Македонци ќе треба да пишуваат литературни творби, песни или раскази, на народен мајчин јазик. Значи ќе се отргнат од литературниот јазик бидејќи во денешниов литературен јазик имаме многу туѓи примеси“
Правнукот на Брашнаров очекува неговата иницијатива да ја поддржат министерството за култура и општина Велес. Деновите на Панко Брашнаров да почнат да се организираат од година, со образовни, културни и спортски содржини за младите луѓе во државава. Поддршка очекува и од историчарите кои можат да дадат свој придонес преку истражувачката дејност и да ја исправат неправдата нанесена на ликот и делото на учителот и револуционерот Брашнаров.