И велешкиот совет без опозиција го изгласа буџетот!
Власта во велешкиот совет експресно го донесе буџетот за 2013 година.
На денешната седница која траеше 40 тина минути работеше без опозициските советници. Тие не се појавија во салата бидејќи се упатија на протести во Скопје, против носењето на државниот буџет. За советниците од владеачкото мнозинство ова е доказ дека на советниците не им е грижа за граѓените.
„Опозициските советници уште еднаш покажаа дека не се заинтересирани за градот. Наместо да присуствуваат на седницата на која се ноаѓаат едни од најбитните точки меѓу кои и буџетот за наредната година тие по наредба на Бранко Црвенковски заминаа на протести. Нашата советничка група ќе продолжи да работи како и до сега се за доброто на велешани“, вели Александар Колев, координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку власта планира да потроши 13 милиони евра во наредната година. Најголемиот дел од парите се за блок дотациите со кои ќе се исплаќаат плати за вработените во администрацијата и општинските институции. Од она што ќе остане голем дел ќе се потроши за уредување на градежно земјиште.