Социјален протест на стотина жители од велешка Рамина!
Пред зградите на ЕВН и општината, бараа да не живеат во темнина бидејќи немале пари да ги платат сметките за струја.
Овие жители на Велес на протестот соопштија дека живеат од социјална помош која не им била доволна да ги прехранат семејствата. Затоа не можеле да ги платат сметките за електрична енергија.
“Повеќемина од нас живеат од социјално. Добиваме по 1200 денари и што побрзо да направиме со тие пари, дали да си купиме храна или лекови. Ако сме ние навистина граѓани ан Македонија тогаш некој и на нас треба да гледа. Не бараме многу сакаме да опстанеме во овој мизерен живот,“ рече жител од населбата Рамина.
„Бараме да ни го простат заостанатиот долг за да можеме од наредната година да ги плаќаме сметките“, рече жител на населбата Рамина.
Овие велешани побараа државата да им го покачи изностот на социјалната помош за да можат редовно да си ги подмируваат давачките за комуналии.
„Ние сме семејства со повеќе членови, едвај се прехрануваме па како да ги платиме сметките. Бараме државата да го покачи социјалното“ рече жител на населбата Рамина.
Тие денеска мирно протестираа со надеж дека државата ќе има слух за нивните маки и проблеми. Ако тоа не се случи се заканија со помасовни протести.