Аман на чекор до целта за собирање на потписите за евтина струја!
Не ги обесхрабруваат случувањата во македонското собрание, ќе одат до крај велат од граѓанската асоцијација.
На државно ниво пак бројот на потпишани граѓани е околу девет илјади со што граѓанската аоцијација АМАН е на чекор кон остварување на целта. Недостигаат уште илјада со што измените на законот за енергетика можат да влезат во собраниска процедура. Поддржувачите на иницијативата велат дека без оглед на актуелните случувања во Парламентот тие нема да отстапат од идејата за враќање на евтината дневна тарифа на струјата.
„Ќе ги предадеме документите со потписи кај спикерот Трајко Вељановски уште првиот момент кога ќе ги собереме сите десет илјад потписи. Со нив на законски начин оваа граѓанска иницијатива ќе биде институционализирана. Брзаме за што поскоро таа да се најде пред пратениците без оглед на случувањата. Секој народен избраник кој ќе седи во клупите на седницата на која ќе се дебатира за ова ќе ја има одговорноста пред потпишаните граѓани. Уверен сум дека иницијативата во собрание ќе влезе пред Нова Година“, вели Игор Смилев, поддржувач на АМАН.
Инаку до денес речиси шестотини велешани се потпишале на обрасците во Државната изборна комисија и со тоа го оставиле својот глас за враќање на дневната евтината струја. Освен ова во иницијативата на АМАН е вклучена и измената на законот со која оние кои не користат услуги на топлификација да не и плаќаат надоместок.