Велес назад во времето!
Објавено на 26 декември, 2012 во 14:51
Општината наместо 2013 – та сеуште на своите граѓани им ја честита 2011 – та година.
Општина Велес им ги честита празниците ма своите граѓани на билборд. Идејата е добра велат велешани, само ако не е задоцнета. Оваа честитка стои заборавена веќе втора година, па така на неа се прославува доаѓањето на 2011 – та. Во центарот на градот на плоштадот „Сармаале“ секојдневните минувачи коментираат дека редно време е да се честита 2013 – та која е веќе на прагот.