Новогодишна забава за децата со хендикеп!
Одбројувањето на деновите до пристигнувањето на новата 2013 година започна за децата со посебни потреби.
Тие за прв пат годинава на журка во игротека го пречекаа и Дедо Мраз кој се разбира за нив имаше изненадување – новогодишни пакетчиња. Гордана Митова е една од нив која веќе е подготвена за најлудата ноќ во годината.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=p0nx6qL4yX8&feature=youtu.be{/youtube}
„Супер ни е тука, го сакаме Дедо Мраз и сакаме да ни донесе пакетчиња, дрвени боички, фломастери… Ја наредив елката заедно со мојата другарка Сања и сега спремна сум за дочекот“, вели Гордана Митова.
Кога стрелките ќе се поклопат на полноќ на 31 декември секој родител има желба за соето дете велат родителите.
„На мајката се знае, желбата е детето да е здраво и среќно“, вели Лидија Митова.
„Кога им е убаво на децата и нас на мајките ни е убаво. Благодарни сме што ги израдуваа нашите деца, бидејќи оваа година прв пат ни се случува ваква забава“, вели Кадрие Асанова.
Дуржбата на штитениците од Друштвото на родители на деца со церебрална парализа започна одамна, нивното пријателство се зацврсти на летувањето во Црна Гора, а ова е само заедничко заокружување на една убава година велат од здружението.
„Кога има музика, кога се заедно се друзат меѓу себе и со нивните родители се однесуваат малку поинаку и се чувствуваат многу подобро. Од тие причини сметав дека е подобро оваа година во малку поинаква свечена атмосфера да ја дочекаме Нова Година“, вели Далиборка Златева, претседател на здружението.
Гордана и нејзините пријатели дружбата ја овековечија со саедничка фотографија со градоначалникот Горан Петров кој ги посети на забавата.