Прво па машко, второ и повторно машко!
Велес ги доби првите жители во 2013, две бебиња се родиле утрово и двете машки.
Ќе биде ли машка 2013 година ако првиот жител е момченце. Постарите велат дека машкото дете носи бериќет па бебето кое прво се роди во Велес во 2013 година постарите велат наговестува плодна година. Само четириесетина минути после полноќ градов го доби првиот жител кој сеуште не се знае какво име ќе носи. Тежи 4,3 килограми и е второ дете на гордата мајка Сафета Мусовска од Сливник. Но дежурните лекари велат, после само 7 часа добивме уште едно новороденче и тоа второ па повторно машко.
„И двете деца се здрави и ние се горедееме со нашите нови жители“, вели Ристо Гашев, дежурен лекар.
Инаку лани се родиле 789 бебиња во болницата и од таму велат дека во последниве години оваа бројка не се менува многу. Првите поклони првото новороденче ги доби од градоначалникот Горан Петров кој попладнево ги посети мајката и бебето во велешката болница.
„Да и посакаме среќа на мајката и на момчето, се надеваме дека ќе има многу новороденчиња во следнава година, па барем оваа бројка да ја зголемиме“, вели Горан Петров.
Инаку Петров сноќа им ја честиташе Нова Година на велешани од платото пред гимназија „Кочо Рацин“ каде беше организираниот дочек. Им посака многу здравје, среќа и берикет во новата 2013 – та година. Во моментот на поклопувањето на стрелките на часовникот токму на полноќ неколку стотини велешани со огномет го прославија моментот.