Постелнини и перници од Вемед за велешката болница!
Граѓаните кои ќе имаат потреба од лекување на гинеколошко – акушерското, интерното и хирушкото одделение во велешката болница ,од денеска, не ќе теба да си носат постелнина од дома.
Велешката фирма Вемед на болницата и донираше 80 комплети постелнина и исто толку перници. Овој божиќен подарок, годинава, го купивме откако се откажавме од подготовката на рекламен материјал за Нова година,рече директорката Бојана Димовска.
„Сметавме дека е најпотребно да донираме во нашиот град, во нашата болница и на место кое што сите ние го посетуваме. И посакувам да има што поголем број на компании кои ќе покажат ниво на одговорност и ќе помагаат на оние на кои им е потребна помош“
Во велешката болница се лекуваат граѓани од целиот Повардарски регион. Потребата од перници, постелнина и ќебиња е голема. Поради недостиг на сретства, во изминатите десеттина години, болницата не можела да ги купи.
„ Значи постелнината и перниците ни се неопходни исто колку и ќебињата. Имаме потреба и од медицински униформи за персоналот. Благодарам на денешната и еве апелирам до останатите добронамерни луѓе кои сакаат во вакви или слични моменти да ја споделат својата добрина со граѓаните кои доаѓаат на лекување кај нас тоа да го прават во донации од перници, постелнина, ќебиња или други слични подароци по нивен избор кои сепак ќе им бидат од корист на пациентите,“рече директорот д-р Атанас Василев.
Денешната донација на Вемед чини 500 евра. Директорката Димовска најави и наредна составена од медицински материјали што се произведуваат во погонот во Велес. Не прецизираше датум туку рече дека тоа набрзо ќе се случи. Таа во исто време апелираше нивниот пример да го следат и останатите фирми во Велес.