Честит Божиќ, Христос се роди!

Објавено на 7 јануари, 2013 во 09:08

Вајстина се роди. Мир и спокој во душата и радост во срцето.

Православните христијани денеска го слават верскиот празник Божиќ – Рождеството Христово. По Велигден, ова е втор најголем празник во христијанството. Божиќ се слави во домот и со семејството, со божиќен ручек на трпезата за која се приготвени мрсни јадења.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=RAvg-1duxr0&feature=youtu.be{/youtube}

За верниците, утрово, ширум се отворени вратите на сите храмови на Македонската православна црква во кои се служат божиќни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што по повод Божиќ г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, ќе го упатат Божиќно послание.

Мир и благослов од Бога со радосниот поздрав „Христос се роди“ на верниците од Повардарската епархија им посака Митрополитот Агатанѓел.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.