Адвокатите на протести поради хаосот со адвокатските маркички!
Комората предлага одложување на примената на законот и негова измена.
Да се измени законот за адвокатска маркичка, бара адвокатската комора на Македонија. После трочасовна расправа зад затворени врати во велешкиот суд, адвокатите од целава земја порачаа законот е неприменлив во пракса. Не се противат да плаќаат данок што ќе се реализира преку употреба на макричките, но мора да се дефинира начинот како, каде и во кои случаи тие ќе се пририменуваат.
„Адвокатот е должен да го почитува законот, меѓутоа ние сме тука за да ги искористиме сите инструменти за да го промениме. Добро е тоа што и во судовите увидуваат дека во него има многу недоследности. Сепак мислам дека во најскоро време ќе дојдеме до измените и усолгласувањето меѓу адвокатите и државата“, вели Ненад Јаничевиќ, адвокатска комора на Р.М.
Од почетокот на годинава секој адвокат мора да си купи маркички од управата за јавни приходи, и да ги употребува при секој предмет, ако не ќе плати глоба од 2 500 до 5 илјади евра. Но освен ова ништо друго не е регулирано со законот велат адвокатите од Тиквешкиот регион. Токму од нив произлезе иницијативата за состанокот на комората, бидејки тие утрпво револтирани од нив протестираа пред судовите во Неготино и Кавадарци.
„Ова решение е несреќно и прави дискриминација меќу адвокатитепоединци и адвокатските друштва, а не е ниту спроведливо. За тоа излеговме на протести и очекуваме дека институциите ќе имаат слух за нас“, рече Блага Димова, адвокатска заедница од Кавадарци.
Сега комората му даде време на министерството за финансии да ја одложи примената на законот за маркички. Ако не се стави ред во фискализацијата, адвокатскиот еснаф за еден месец повторно ќе заседава. Во меѓувреме секој адвокат иако нејасен ќе го почитува законот, а од комората немаат објаснување како тој ќе се толкува.