Во „Диригент“ има и петмина велешани!
Нив полицијата ги открила во Македонија додека неколкумина велешани се фатени во Виена, каде ќе им се суди.
Има петмина велешани помеѓу вчера уапсените во полициската акција Диригент, соопшти МВР. Тие и припаѓале на третата група, која од август до септември, лани, продавала хероин низ улиците на Виена. Имале своја организација, составена од македонски државјани, која била задолжена за транспортирањето или уличното продавање на дрогата.
Од Македонија биле издавани наредби и инструкции за препакување и продажба на хероин, биле утврдувани улиците, автобуските станици во Виена каде па дилерите ја продавале дрогата. И меѓу нив има велешани.
За време на истрагата три лица од нив биле уапсени во Виена. Сите тие го сториле кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. Бидејќи учествувале и во пренесувањето на парите од продажбата на дрогата, од Виена до Македонија, осомничени се и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Со нив има и едно лице од Неготино. Останатите осуммина се од Арачиново и од Ченто.
Во меѓународната акцијата учествувале германската и австриската полиција која на нивен терен уапсила 18-мина вмешани во балканската мрежа на препродажба на хероин во главниот град на Австрија.