Ова не е борба за власт туку за слобода и човекови права!
Порача Опозицијата од протестниот марш, вечерва од Велес.
Опозицијата вечерва повторно на протест низ Велес. Откако се собраа, на старото место во Нова населба кај споменикот на Алексо Демниевски Бауман, членовите на партиите СДСМ, ЛДП, НСДП и останатите коалициони партии, нивни симпатизери и граѓани тргнаа по улицата Благој Ѓорев и стигнаа до центарот на градот пред стоковната куќа.
“Вечерва имаше најголем број на велешани досега на протестниот марш кој се одвиваше по главната улица Благој Ѓорев. Со нивното присуство и огромниот број очигледно е дека велешани се повеќе стануваат свесни дека не се работи само за власт туку дека ова е борба за слобода, за демократија, за слободно изразување на мислата и за еднакви права на сите. Јас сум презадоволен од тоа како вечерва помина отпорот. Пораката беше повеќе од јасна и се надевам дека власта сериозно ќе ја свати“ рече пратеникот и претседател на ОО СДСМ, Марјан Николов.
„На власта имаме да и порачаме многу работи. Јас сум изненаден од тоа колку многу луѓе вечерва излегоа и беа дел од протесниот марш низ централната улица во Велес. Нашите пораки се цврсти и јасни, ние не сакаме да живееме во ваква Македонија туку да живееме во демократска Македонија, која ќе биде правна држава, во која ќе владее законот и ќе се почитува уставот, ќе има човекови права, слободни медиуми и слободна мисла,“рече кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцевски.