Убиец на маче заработи условна казна затвор!
Велешкиот суд ја донесе првата пресуда против човек кој малтретирал и усмртил бездомно животно.
Оваа девојка и нејзин пријател биле сведоци на застрашувачка глетка. Таа за Дума.мк раскажа како пред нивни очи старец му го скршил вратот на бездомно маче и го усмртил. Не можејќи да останат рамнодушни, грозоморниот чин го пријавиле в полиција.
„Отидовме таму и рековме дека сакаме да пријавиме убиство. Веднаш кренаа паника бидејќи мислеа дека се работи за човек, но кога им кажавме дека е за маче буквално не исмеаја и ни рекао дека такво нешто не може да се пријави бидејќи не е кривично дело. Единствено можело да го опоменат оној што го извршил тоа“, вели Магдалена Ѓорѓиева.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=n_cNUlEEDYY{/youtube}
Ова не ја обесхрабрило Магдалена па после упорноста пред инспекторите успеала да докаже дека сепак во земјава постои ригорозен закон кој ги казнува луѓето кои малтретираат животни. Полицијата кривично го гонела старецот и после неколку рочишта во кои сведочеле очевидци велешкиот суд пресудил. Условна затворска казна за убиецот на мачето.
„Се надевам дека ова е добра поука за секого бидејќи секој може да подлежи на последици поради вакви активности. Се надевам дека луѓето ќе разберат дека човек кој е способен да стори такво нешто на животно, можат да наштетат и на луѓе. Ова веќе е докажано од социолозите и психолозите“, вели Ѓорѓиева.
Ова ја охрабрило Ѓорѓиева да го формира здружението „Гласот на животните“. Неколкумина млади луѓе волонтерски згрижуваат болни и напуштени животни и апелираат се поретко тие да бидат жртва на несовесни граѓани. Во споротивно казните за нергиржа, напуштање или малтретирање се ригорозни и се движат од 500 до 2 илјади и 500 евра или пак три годишна затворска казна. Ги молат велешани да го пријават секое насилство кое ќе го забележат.
„Со тоа што нема да го пријават лицето кое сторило такво дело значи дека го оправдуваат. Ги охрабрувам да не бидат само посматрачи на ситуацијататуку да земат активности со кои ќе им помогнат на животните“, вели Ѓорѓиева.
Ова не е прв случај во земјава јавноста да се згрози од грозоморни малтретирања на животни. До сега не е обелоденето дали има осудителна пресуда за бесчувствителните луѓе.