Женките во кафез, машките кучиња остануваат на улица!
На овој начин надлежнит се надеваат дека ќе ги разединат глутниците кучиња кои се групираа во периодов на парење.
Започна голема акција за собирање на бездомните кучиња – женки од улиците низ градов. На овој начин ветеринарите сметаат дека ќе ги спречат групирањата на мажјаците во глутници кои постојано во периодот на парење се движеа заедно. Од утрово служби од ветеринарната станица со возила ги земаа женките и ги носат в кафез се додека не помине овој период. Според здружението за заштита на животните Обезбеди живот ова е прв чекор за заштита и на животните, но и на луѓето кои се плашеа од агресивноста на бездомниците.
„Акцијата се спроведува во вистински период бидејќи децата од следната недела започнуваат да одат во училиште, но и повозрасните се плашат од глутниците кучиња. Од друга страна пак добро е што и животните ќе бидат згрижени. Ние алармиравме и во ветеринарната и во општината и во СВР Велес дека периодов кој престои е критичен бидејќи сега кучињата се парат па се поагресивни“, вели Робертино Васков, председател на здружението.
Инаку вчера докторка едвај спасила жива глава од разгневена глутница кучиња кои ја бркале. По ова алрмираа и велешани дека бездомни кучиња во огромен број шетаат по велешките улици и често напаѓаат. Сметаат дека што поскоро мора да се изгради стационарот во кои ќе се згрижуваат бездомните кучиња, а кои најави дека со заеднички сили од деветте повардарски општини ќе го гради Вардарскиот плански регион.