Храна за сиромашни велешани донираше Квалитетен живот!
Со помош на Црвен крст ги најде вистинските луѓе на кои им е најпотребна помош.
Зимница, конзерви, тестенини ќе се најде на менито на неколку сиромашни велешки семејства откако невладината организација Квалитетен живот одлучи да донира храна за гладните луѓе од градот. Велат количините не се големи, но сепак во ова тешко време се надеваат дека ќе помогнат и ќе отидат во вистински раце.
„Знаеме во каков град живееме, многу малку луѓе работат тука и многу малку од нив можат да се прехранат. Се обративме во Црвен крст бидејќи знаеме дека тие ги познаваат сите на кои им е потребна помош“, рече Габриела Тодорова.
И од Црвениот крст велат дека секоја помош е добредојдена, а тие веќе одлучиле кому ќе му ја збогатат сиромашната трпеза.
Долгогодишно работиме на ова проблематика и имаме постојани контакти со луѓето на кои им е потребна помош. Заедно со комисијата во која членуваат и луѓе од Центарот за социјална работа имаме едвиденција на луѓето и ја делиме храната по тоа како ќе одлучи комисијата. Нашите сограѓани се особено хумани и донираат се што имаат“, рече Миле Маџаров.
Традицијата на дарување помош продолжува и понатаму велат од хуманитарните организации.