Разбојник ограби аптека во Велес!

Објавено на 19 јануари, 2013 во 13:52

На фармацевтката и се заканил со нож по што го изнудил дневниот промет.

Ограбена е аптеката„Цитофарм“, која се наоѓа на улицата Димитар Влахов во Велес. Грабежот се случил синоќа околу 18 часот и 45 минути. Тогаш во аптеката сама била сопственичката Н.Ѓ на која разбојникот и се заканил со нож кога и барал да му го даде дневниот промет од продажбата на лекови.

Штом ги добил парите, околу 5000 денари, разбојникот избегал од аптеката. Грабежот е пријавен во полициската станица во Велес. Увид на лице место извршила екипа на СВР Велес. Портпаролот Ненко Александров за дума.мк рече дека се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расветлување на грабежот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.