Вчера Војордан, денеска Собор на св. Јован Крстител!

Објавено на 20 јануари, 2013 во 09:08

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавле­ние.

Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓање­то на Помазникот Исус. Така, иако свети Јован Претеча и Кр­стител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор поточно главен празник е на денешен ден.

 

Како нестрашлив проповедник на богоморалниот живот, свети Јован не се воздржувал од упатување прекори на царот Ирод Антипа поради неговиот незаконски брак со Иродијада, жената на својот полубрат Филип, која во бракот ја донела и нејзината ќерка од претходниот брак . Поради тоа, Ирод го фрлил во темница во тврдината Махир, во пустината, и сакал да го убие. Од тоа го одвраќала помислата на народот, за кој свети Јован „важеше за пророк“. На иродовиот роденден, за време на гозбата, Салима со своето танцување го воодушевила Ирод, кој пред сите ветил дека ќе ѝ подари сѐ што ќе посака, „па дури и половина царство“ . Откако мајка ѝ ја советувала, Салома ја побарала главата на светиот Јован Предтеча, и царот ѝ ја исполнил желбата: џелат му ја отсекол главата на славниот Христов пророк, и ѝ ја дал на девојката, а таа на својата мајка. Дознавајќи за тоа, учениците јованови го погребале остатокот на неговото тело.

Денеска верниците го чествуваат празникот. Во чест на светителот во црквите се одржуваат литургии додека именденот го празнуваат граѓаните кои го носат името на св. Јован.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.