Опозицискиот „Отпор“ вечерва во Велес!
За демократија, слобода на говор, слободни медиуми и почитување на Уставот и законите, велешани ќе маршираат низ централната улица „Благој Ѓорев“.
Здржената опозиција вечерва ќе одржи протест во Велес. На ваков начин, како што велат, ќе продолжат со изразувањето на својот револт против диктатурата на власта.
„Маршот за слободата“ ќе почне во 17 часот во населбата Тунел, кај Багремче. Потоа ќе продолжи по главната улица “Благој Ѓорев“ и ќе заврши пред споменикот на Кочо Рацин пред Гимназијата.
Пред велешани, на маршот ќе говори претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Тој ќе биде придружуван од лидерите на останатите опозициски партии.
Според портпаролот на велешката организација на СДСМ, Иван Белевски, ,,Маршот за слобода‘‘ е марш на Сојузот за иднината во кој јасно, гласно и принципиелно се бара враќање на демократијата, слободата на говорот, слободата на медиумите и почитувањето на Уставот и законите.
Здружената опозиција ги повика велешани да се придружат на маршот за да покажат дека се против рушењето на Уставот, законите и демократијата во земјава.