Запросување на матурската вечер на економското училиште!

Објавено на 21 мај, 2013 во 14:01

Понудата за брак падна пред очите на соучениците и професорите.

Синоќешната матурска вечер на средношколците од економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес заврши со предлог за брак. Во еден момент кога светлата се изгаснаа, а музиката сопре влезе момче во салата и ја побара својата девојка, матурантка за сопруга. Пред момчето на колена со прстен во рака и пред многубројната публика судбоносното ДА го кажа маурантката. После синоќешното запросување и завршувањето на матурската вечер, двајцата млади ќе се подготвуваат за свадба. Дума.мк го објавува видеото кое денеска беше објавено на социјалната мрежа ФБ од чинот на запросување./Б.Н.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=0gz9RJhJawk|308|200|0{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.