Гужва и нервозни пациенти пред велешка трансфузиологија!

Објавено на 25 мај, 2013 во 13:08

Само еден доктор опслужува три амбуланти, неговите двајца колеги заминале в пензија.

Еден доктор работи во три амбуланти на велешка трансфузиологија. Поради ова секојдневно се содаваат гужви од пациенти кои се жалат дека не можат да дојдат на ред за преглед. Меѓу нив е и 80 годишен старец кој е хронично болен и кој веќе пет пати доаѓа но не успел да влезе кај докторот.

„Имам вградено два стента и проширени вени а еве веќе долго време чекам тука. Доаѓав неколку пати и постојано ме враќаат, а многу ми е тешко“, вели еден од пациентите.

Во трансфузиологија работи еден доктор бидејки неговите двајца колеги заминале во пензија. Сега само тој треба да прегледа околу петстотини хронично болни, да зема крв од крводарителите, бремените жени, идните возачи и од итните случаи кои се лечат во велешката болница. Пациентите велат дека додека биле двајца доктори прегледите се извршувале побрзо.

„Доаѓам од селото Црквино и  давам по 10 евра за такси веќе неколку пати. Тие пари ќе си ги дадев за лекарства. Додека имаше уште еден лекар врвше работава, ама сега е лошо“, вели пациентка.

На неможноста да се дарува крв во секое време се пожалија и од општинската организација на Црвениот крст. Велат дека велес го губи приматот на еден од најхуманите градови во земјава поради бизарен проблем.

„Апелираме до надлежните институции за брзо време да го решат овој проблем за да можат велешките крводарители да ја извршуваат својата хумана мисија“, рече Милчо Трајков, претседате на општинската организација на Црвен Крст.

Директорката на институтот за трансфузиологија вели дека лекарот лошо ја организирал работата, не им закажувал на пациентите, отсуствувал од своето работно место па поради тоа се создавала гужва. Најави дека ќе го казни, а дека уште еден доктор нема да се вработи оти не е потребно. Според неа во просек дневно доаѓаат десет хронично болни и десет крводарители за што е доволен само еден лекар./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.