Поддршка за Маја од најмладите!

Објавено на 27 мај, 2013 во 19:01

Мајки и татковци, баби и дедовци, дади и батковци беа верна публика на најмладите велешани кои создадоа вистинска евровизиска сцена доцна попладнево во дворот на детската градинка во Велес. Пред почетокот на завршната манифестација сите тие, кој колку може, донираа пари за мајката на нивното другарче на која итно и е потребно лекување во странство.

Децата од највозрасните групи на градинката „Димче Мирчев“ пееја и танцуваа на познатите евровизиски хитови. Младите пејачи, пејачки како и танчери беа облечени во специјално дизајнирани костими прилагодени за кореографијата која ја изведуваа.

Многубројната публика уживаше во креативноста на децата кои ја покажеа својата хуманост кон храбрата велешанка Маја Керова Бабунска која ја води најголемата животна битка. Во организацијата се вклучи и граѓанската организација „Борка“ на чиј штанд се купуваа розовите белегзии, само за Маја.

Ова е само еден од низата настани со кои велешани се обидуваат да соберат доволно сретства и да и помогнат на својата сограѓанка./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.