Со „Приказни од ходникот“ против сексуално преносливите болести!

Објавено на 29 мај, 2013 во 07:07

Информативно едукативната претстава ја подготви театарската група „Сенки и облаци“сакајќи да влијае врз свеста на младите, најчесто изложени на сексуално преносливите инфекции. Тие се големи ентузијасти.

За младите луѓе класичниот начин на едукација за сексуалното и репродуктивно здравје е монотон бидејќи најчесто се изведува во училиште, кога професор одржува предавање а учениците немаат доволно самодоверба да постават прашања кои ги интересираат или јавно да се вклучат во разговор.

Неколкумина од нив избраа нов пристап со подготовка и изведба на информативно – едукативна претстава во која преку компактна игра, одлична композиција и интерактивност со публиката ги поттикнаа младите луѓе да соопштат мислење и да пренесат став.

Претставата „Приказни од ходникот“ ја изведоа со помош на прикажани сенки од марионети проектирани на подлога. Конференцијата на сексуално преносливи болести, разговорот со мадите, изведбата на песна ги подготвија наменски и прикажаа многу силуети.

На овој начин ги едуцираат  младите луѓе, во публиката, за повеќе прашања за кои тие претходно се срамеле да побараат одговор.

„Сметавме дека овој начин е многу подостапен и прифатлив за оние  до кој сакавме да допреме. Во публика до сега видовме дека седат средношколци, студенти и особено не радува присуството на повозрасни лица бидејќи сакаме разговорот да се води помеѓу млади и возрасни. Најчесто за сексот, сексуално преносливите болести, бременоста се разговара помеѓу врсниците. Сега тие не чувствуваат срам или страв да разговараат со повозрасни, да посетат гинеколог или кожен лекар,“ рече Катерина Сековска, проектен координатор на театарот.

Претходно, учесниците во преставата, поминаа едукација од тренери на невладината мрежа „Хера“ и мрежата на НВО и на Y-PEER во Македонија.

Сега кога ја изведуваат преставата сами избираат што и како ќе прикажат зад платното, со што ќе влијаат за поголема заштита од ХИВ, користење на кондом, заштита од несакана бременост, симптоми на сексуално преносливи инфекции.

Досега претставата е изведена четири пати и тоа во Велес, Кавадарци и два пати во Скопје. Неделава театарот ќе гостува во Кратово, а потоа во Куманово, Тетово и во план е прикажување на “Баскерфест“ во Скопје./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.