Притвор за сите од „Ликвидација„!
Објавено на 29 мај, 2013 во 07:46
На приведените во акцијата „Ликвидација“, синоќа им е одреден 30-дневен притвор. Само еден од нив, поради неговата возраст, му е одредена мерката домашен притвор.
Обвинители, судии, адвокати и новинар се осомничени за поткуп и откривање доверливи информации за случајот „Платено убиство во велешкото село Ореше“, во кој за извршители на платено убиство беа обвинети браќата Ѓорѓиевски од Скопје и за нарачател Ѓоре Петрески .
Претходно, судскиот совет на седница му го одзел имунитетот на уапсениот судија во Основниот суд во Велес по што истражниот судија и нему му одреди мерка притвор.
Акцијата беше изведена вчера, рано наутро, кога беа уапсени осум лица од Велес и Скопје. /Б.Н
