Лајонс клубот со поддршка за Маја Керова Бабунска!

Објавено: 5 јуни, 2013, во 20:08 часот

Се дружеа членовите на Лајонс клубот од Велес и граѓаните, вечерва, во кафетерија за да и дадат поддршка на сограѓанката Маја Керова Бабунска. Во кутија за донации се собираа сретства. Донацијата ќе опфати и процент од пијалоците и останатите порачки на гостите во кафетеријата.

Таму беа и пријателите на Маја како и жените од здружението „Борка“.

– Мисијата на Лајонс Клуб Интернационал или клубот во Велес е организирање на хуманитарни проекти со одредени намени. Наша таргет група, на Лајонс клубот со седиште во Чикаго, се луѓето кои заболуваат од дијабет и оние кои што се слепи.Но, ние лани организиравме хуманитарна  акција и се покажа како добар проект соработката со Здружението Борка. Затоа вечерва сме овде на ова дружење за да и помогнеме на нашата Маја бидејќи нејзе и се потребни сретства за лекување во САД. Сакаме да дадеме личен придонес со кој таа ќе може делумно да ги покрие трошоците – рече Кире Гајдов претседател на Лајонс клубот во Велес.

Хуманитарците од овој клуб упатија апел до велешани, секој на свој начин, да покаже поддршка и да и помогне на младата жена и мајка на две малолетни деца да отпатува на неопходното лекување во САД./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.