Земјоделец со фалсификат документи од државата зел повеќе субвенции отколку што му следувале!
Објавено: 10 јуни, 2013, во 10:35 часот
Шеесет и пет годишен земјоделец од полицијата заработи кривична пријава за фалсификување на исправа со која од државата наместо субвенциите што му следувале земал повеќе пари. Од државата Б.М добил околу 7,5 илјади евра а бил сопственик на мала површина одбработлива земја.
Земјоделецот кој подолго време се занимавал со земјоделство се досетил како да заработи повеќе пари и во 2008 година склучил 11 договори со граѓани да му отстапат 25 хектари земјоделско земјиште, ја преправил содржината и наместо за една внел период од четири години.
Фалсификуваните договори ги поднел во подрачната единица на министерстото за земјоделство во Велес на конкурсот за добивање субвенции.
Тие биле одобрени и на Б.М државата му исплатила пари наместо за една за четири години. На тој начин Б.М го оштетил државниот буџет со околу 7,5 илјади евра. /Б.Н


