Преку веб апликација до транспарентна општина која полесно ќе се справи со корупција!

Објавено: 11 јуни, 2013, во 12:34 часот

Наместо еднаш годишно од сега секојдневно граѓаните од општините Велес, Чашка, Градско, и Лозово за своите проблеми ќе можат да бараат решенија преку интерактивна веб страна на Фондацијата за локален развој и демократија Фокус. Тие на овој начин ќе можат директно да учествуваат и во донесувањето на одлуките на општинските совети.

Интерактивната веб апликација финансиски ја поддржа УНДП. На оваа интернет страна граѓаните ќе ги добиваат потребните информации од животот во урбаната или рурална заедница,ќе даваат свои предлози, ќе гласаат и за оние што општинските совети ќе ги прифатат ќе следат како се реализаираат.

– Се надевам дека ова ќе биде доволен поттик за сите општини, да работат потранспарентно и да ги вклучат граѓаните во донесувањето на одлуките кои се од големо значење за нив, – рече извршниот директор на Фондација Фокус, Весна Шкортова.

Транспарентната  општината полесно ќе се справи со корупцијата, рекоа од УНДП, мотивирајќи ги граѓаните за поголемо учество и следење на работата на општините.

– Овие општини се чекор понапред и секако со поддршка на Фокус тие успеаја да воспостават еден систем каде што ќе можат да даваат предлози за нивно подобро функционирање,-  рече в.д постојаниот преставник на УНДП во Македонија, Алесандро Фракасети.

– Задоволни сме што сме меѓу првите општини кои го воспоставија овој систем на интерактивен однос на општината со граѓаните. Како лидери во децентрализацијата и понатаму ќе се трудиме да го задржиме тоа ниво во секој сегмент од работата на општината, –  рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

– Соработката на општината со невладините организации, меѓу нив и со Фокус, лани ни овозможи преку проекти да обезбедиме 250 илјади евра,кои ни помогнаа и во делот на поголемата транспарентност или отвореност кон граѓаните. Особено сме заинтересирани за вклучување во тој дел на помладите граѓани во нашата општина. Неспоредлив е животот на живот во урбаната и руралната локална заедница,-  рече градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Панов.

„Во изминатиот пет годишен период со Фондацијата Фокус преку јавни расправи ги утврдувавме приоритетите на граѓаните. Од оваа веб апликација очекувам многу поголема соработка со помладите жители на општината, ги очекувам нивните идеи и предлози со кои поактивно ќе се вклучат во процесот на транспарентна општина – рече градоначалникот на Градско, Жаната Чауевска

Од Фондацијата Фокус очекуваат секојдневна соработка како од граѓаните кои ќе пишуваат, прашуваат и предлагаат идеи така и од општините кои на на веб апликацијата одговарајќи на барањата на граѓаните ќе овозможат поголеми резултати./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.