Офицерски дом ќе се пренамени во Градска куќа!

Објавено: 12 јуни, 2013, во 12:42 часот

Иницијативата постои подолго време а општината поднела барање до Владата во кое бара објектот кој сега е во сопственост на министерството за одбрана да му биде преостапен на Велес.

Дума.мк дознава дека на синоќешната седница Владата расправала по барањето.

Се чека на одлуката која доколку биде позитивна ќе го промени ликот на делот од градот на кој се наоѓа Офицерски.

Општинските архитекти подготвуваат проект за нов изглед на парцелата. Ако објектот стане имот на општина Велес ќе биде урната оградата околу Офицерски а просторот ќе се доуреди со дополнителни содржини кои ќе бидат составен дел на целиот простор. Предвидени било и зеленило како ново хортикултурно уредување.

Ова е само едно од вкупно трите барања на општината за преостапување на простор или објекти во Велес. Второто е за градскиот стадион а третото за простор во воените згради во близина на општинската зграда. Со нив локалната власт сакала да добие дополнителен простор за потребите на администрацијата./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.