Полицијата не го открила виновникот за крвавата тепачка на учениците!
Од хемиското училиште демантираат дека во инцидентот учествувале нивни ученици.
И по една недела од тепачката која се случи пред споменикот на Кочо Рацин во дворот на гимназијата,во која учествуваа десетина млади велешани, полицијата не го открила виновникот и не кажува детали ниту за причините.
Од СВР Велес велат работеле на случајот и штом го расфетлат ќе поднеле кривични пријави.
Денеска се огласи само директорката на средното хемиско училиште Димитрија Чуповски. Валентина Јовева рече дека иако инцидентот се случил во дворот на училиштето сепак нивни ученици не учествувале во него.
„И покрај тоа што во изминативе години имавме слични проблеми со вакви инциденти, овој пат наши уленици немаше вклучено во тепачката. Мислам дека јавноста треба да го знае ова бидејќи беше информирана дека настанот се случи во нашиот двор. Програмата која успешно ја реализираме за подигнување на свеста на учениците ќе ја продолжиме и со генерацијата која доаѓа, а мислам дека тоа треба да го сторат и остнатите училишта“, рече Јовева.
И од полицијата потврдуваат дека сепак дел од учесниците се ученици и тоа од Коле Неделковски и Јовче Тесличков, дел се повозрасни, а еден од нив бил арачиновец кој дошол на гости во Велес. Инаку според полицијата се работи за поголемо друштво во кое имало вербална расправија што прераснала во физичка пресметка со нож и боксачи. Повреден беше еден од учесниите кои се здоби со расекотина на левата дланка./Б.Н.
