Гемиџии собираат пари за да спасат живот на млад Чкембарец!

Објавено на 14 јуни, 2013 во 12:47

Два дена трае акцијата на навивачката група со која ќе му се помогне на битолчанецот Андреј кој е член на Чкембарите. Во центарот на Велес од 12 до 19 часот вчера и денес е поставена каса во која сите граѓани можат да донираат пари со кои ќе му се помогне на семејството на Андреј за операцијата која ќе биде изведена во Турција.

„Апелираме до сите хумани велешани да донираат колку што можат и да помогнат во спасувањето на еден млад човечки живот. Андреј е навивач во групата Чкембари, треба да се изведе трансплантација на бубрег, а донатор е неговиот татко. Сепак се потребни средства за да се оперира во Турција па ние одлучивме да сја организираме оваа хуманитарна акција“, рече Ристе Најдов, Гемиџии.

Инаку и навивачки групи од други градови помагаат за операцијата на Андреј. Велешани утре ќе ги достават собраните средства до нивните колеги од Чкембари кои ќе ги предадат на семејството на болниот Андреј./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.