Четврток и петок, Баскерфест во Велес!

Објавено: 17 јуни, 2013, во 12:08 часот

Уличниот фестивал Баскерфест за прв пат годинава се одржува и во Велес.

Во четврток и петок од 19 до 24 часот во Младински парк публиката ќе има можност да ужива во изведбите на уличните артисти и музика во живо. Организаторот најавува незаборавна забава со претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности што ќе претставува сплет на културни, забавни и уметнички содржини! Фестивалот оваа година го организира One Way, а како покровител се јавува Општина Велес. Уживањето во културната атракција е бесплатно велат од таму.

Инаку се очекува спектакуларна комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти. Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а Македонија на оваа листа се вклучува со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.