Велешанец крвнички ја тепал сопругата на работно место!
Објавено: 19 јуни, 2013, во 12:44 часот
Дваесет и седум годишниот велешанец Д.К влегол во продавницата во која работела неговата сопруга Е.К и без повод и причина физички ја нападнал.
Тепачот прво крвнички ја удирал жената во глава а кога таа паднала продолжил да ја тепа со клоци по телото. Тепачката ја гледале вработените колеги во продавницата и неможеле да и помогнат на колешката.
Жртвата го пријавила насилството, кое се случило пред дванаесет дена, во полиција. Против насилникот полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“./Б.Н

