Кучето инвалид Наполеон патува кон новиот дом во Америка!

Објавено: 20 јуни, 2013, во 12:40 часот

Трагичната животна приказна за кучето Напоелеон добива среќно продолжение. Тој вечерва патува за Америка каде го чека Робин Кејси, жената која сака да го вдоми кај себе. Но неговата несреќна судбина ја раскажа велешанката Магдалена Ѓорѓиева која му помогнала да преживее.

„Го пронајдов повреден на 19 ти јануари на празникот Водици кога илјадници луѓе поминуваа покрај него, но никој не му помогна. Беше повредено на ногата па веднаш го земав и со помош на пријателитеод здружението за заштита на животните „Анима мунди“ го однесов в Скопје, каде иако беше празник го оперираа и мораа да му ја исечат ногата“, рече Магдалена Ѓорѓиева, љубител на животни.

Веднаш се впуштила во потрага по човек кој би се грижел за Наполеон оти таа веќе одгледува неколку миленици.  На социјалната мрежа Фејзбук ја раскажала потресната приказна за кучето инвалид и се зачудила колку понуди за помош пристигнале од целиот свет.

„Се јавија луѓе од секаде, од Шведска, Норвешка, Германија, но и македонците се покажаа за хумани. Сепак најмногу ме импресионираше едно девојче од  Австралија кое целата своја заштеда си ја даде за да донира пари за патот на Наполеон“, рече Ѓорѓиева.

Сепак изборот паднал на американката која веќе долго време работи како дресер и во Организацијата за заштита на животните па наполеон од Велес преку Софија и Франкфурт ќе отпатува во неговиот нов дом во Пенсилванија.

„Нема да биде едноставно, тешка е разделбата, бидејќи колку што сум јас прврзана за него толку е тој за мене. Да можев веднаш би го задржала, но веќе чувам неколку мачиња и кучиња кај мене и нема доволно простор за сите. Да имав услови уште веднаш би го задржала и никогаш не би го дала на друг“, рече Ѓорѓиева.

Таа се надева дека кучето ќе добие љубов и грижа од новата заштитничка, а тој дека ќе го оправда името кое го носи. Го крстила Наполеон по големиот војсководец бидејќи иако има покуса нога, добил многу животни битки за на крај да дојде до својот дом./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.