Започнува Баскерфест во Велес!
Објавено: 20 јуни, 2013, во 15:37 часот
Се е подготвено за незаборавната забава со претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности што ќе претставува сплет на културни, забавни и уметнички содржини. Од вечерва во 20 часот до задутре на полноќ ќе се случува Баскерфест во градот.
Уживањето во културната атракција е бесплатно вели организаторот One Way помогнат од Општина Велес.
Инаку се очекува спектакуларна комбинација на бројни магионичари, акробати, музичари и извонредни таленти.
Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а Македонија на оваа листа се вклучува со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот./Б.Н


