Во текот на изминатиот викенд пријавени се две физички пресметки во СВР Велес

Објавено на 1 февруари, 2021 во 11:51

veless fin

01.02.2021

На 30.01.2021 сабота, во Сектор за внатрешни работи Велес бил пријавен физички напад врз постаро лице.

– „На 30.01.2021 во 11.50 часот во СВР Велес, Д.Ѓ.(61) од Велес пријавил дека во Велес бил физички нападнат од неговиот зет А.З.(31)“ – соопшти Верољуб Додевски, потпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.

Исто така, вчера вечер во Велес пријавена е физичка пресметка, во која едното лице употребило дрвен предмет.

-„На 31.01.2021 околу 20.00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес било пријавено дека во семејниот дом настанала физичка пресметка помеѓу И.Е.(59) и Е.Е.(56) од Велес, при што И.Е. употребил дрвен предмет“ – додаде Додевски.

Увид на местото на настаните извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес, и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Стефани Манева

#СВР #Велес #ФизичкиНапад #СоодветнаПријава 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.