Донирана нова количина на таблети во Општина Велес која реализира и набавка на лаптопи и персонални компјутери

Објавено на 3 февруари, 2021 во 13:37

vasilglavinov

03.02.2021

Двеста и десет таблети ќе бидат доделени на ученици во Општина Велес. Таблетите се прва донација годинава што ги подари компанијата „Макпетрол“. Тие се наменети за учениците од Основното општинско училиште „Васил Главинов“, но дел од таблетите ќе бидат поделени и во подрачните училишта во Бузалково, Сливник, Кликовец, Раштани и Превалец.

Како ќе бидат поделени таблетите и кои ученици ќе ги добијат го прашавме директорот на ООУ „Васил Главинов“.

-Постои список на ученици кои ќе ги добијат овие таблети. Тоа се ученици кои имаат потешкотии при следење на онлајн наставата и потекнуваат од социјално немоќни семејства. Таблетите учениците ќе ги користат до крај на учебната година, но по завршувањето учениците ќе имаат обврска да ги вратат назад, во исправна состојба, за истите да можат да се користат и во наредната учебна година. Доколку онлајн наставата заврши, и учениците преминат на настава со физичко присуство тогаш донираните таблетите ќе се користат за други училишни потреби, се разбира исто така од страна на истите или можеби и други ученици. – рече директорот Сашко Чоков.

tableti fin

Инаку, на вчерашната прес конференција, на која Градоначалникот Аце Коцевски исто така соопшти дека училиштата таблетите ќе ги добијат откако одлука ќе донесе Советот на Општина Велес. Седницата на која што ќе се одлучува за распределбата, ќе се одржи во вторник на деветти февруари, годинава.

Во Општина Велес од започнувањето на пандемијата со коронавирусот до сега донирани се вкупно 555 таблети на ученици од различни училишта.
Освен за учениците, во моментов, општината разлизира набавка за потребата од поквалитетно реазлизирање на онлајн настава за наставниците и за професорите што се состои од 238 лаптопи и седум персонални компјутери.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.