Комуналците чистат а граѓаните расфрлаат смет насекаде во градот

Објавено на 9 февруари, 2021 во 14:31

147400959 252043333101893 7380260312358979865 n

09.02.2021

Револтирана граѓанка ни испрати фотографии на кои се гледа расфрлан отпад на местото наречено „Поток“, кое се наоѓа на долниот дел до градскиот пазар. Парчето земја потрупано со смет се наоѓа веднаш до преминот што води кон Црна Џамија и веднаш под патот кон детската градинка „Димче Мирчев“.

Ова место постојано е затрупано со смет што го фрлаат граѓани или пазарџии. Нередот им смета на сопствениците на околните куќи и тие постојано се жалат на смрдеа што се шири од престојани зеленчук и овошје. Не издржливо е сега во зима, а каму ли во лето.

147640271 2323484341165843 8117328785599939700 n

Јавното комунално претпријатие „Дервен“ постојано го чисти местото, но истото, како што кажуваат граѓаните, не останува чисто ни 24 часа потоа. Иако контејнерите за фрлање на смет и отпад се наоѓаат веднаш до кафеаната „Пармак“ овој премин е постојано затрупан.

Жителите во околните куќи, сопствениците на продавниците и граѓаните што случајно минуваат велат дека комуналните работници проблемот не можат сами да го решат. До сега не помагаат ни апелите на ЈКП „Дервен“.

Оттаму и денеска велат дека им е потребна соработка од страна на граѓаните кои мораат да ги сменат навиките и наместо да го расфрлаат сметот насекаде да ги користат локациите на коишто има поставено контејнери. Само така површините ќе останат чисти и нема да им создаваат проблеми на останатите граѓани кои имаат високо развиена еколошка свест. Во конкретниов пример нема да им прават проблеми на граѓаните кои што живеат во куќите веднаш над Потокот, кај градското пазариште.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.