Почина жена од коронавирус во велешката болница

Објавено на 9 февруари, 2021 во 14:44

veles fin

09.02.2021

Утрово е почината е жена на 75 годишна возраст од Велес, позитивна на ковид 19 и лекувана на Инфективно одделение три дена.

Во Општа Болница Велес, хоспитализирани се 35 ковидпациенти. На Инфективно одделение се лекуваат 31, додека на Интерно одделение само четворица пациенти.

-Од хоспитализираните, 29 се потврдени позитивни, еден сомнителен и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување, соопшти д-р Елеонора Јованова.

На кислородна поддршка се вкупно 13 пациенти.

Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките донесе од страна на Владата, со цел спречување на коронавирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.