Двајца пациенти на лекување во велешка болница од мутираниот британски сој на коронавирус

Објавено на 9 февруари, 2021 во 20:05

bolnica fin

09.02.2021

Британскиот сој на коронавирус е потврден кај двајца пациенти од Велес. Тие се лекуваат во велешката болница, потврди Центарот за јавно здравје Велес.

– Овој сој е детектиран кај двајца пациенти од Велес, кои се хоспитализирани и се лекуваат на Инфективното одделение во велешката болница. Брисовите се земени од болница и препратени во Институтот за јавно здравје во Скопје, а оттаму се пртепратени за секвенционирање во МАНУ“, соопшти Весна Николовска Неделкова, в.д. директорка на ЦЈЗ Велес.

Новата британска мутација е потврдена во лабораториите на МАНУ кај 45 лица во десеттина градови низ државата. Најголем број на заразени има во Охрид и во Прилеп. Првиот починат пациент имаше 46 години.

Од МАНУ предупредија дека од моментот на откривање на првиот пациент во Охрид мутираниот вирус брзо се шири.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.