СВР Велес: Четворица велешани возеле со поголема брзина од дозволената и евидентирани се 22 прекршоци за не носење на маска
Објавено на 17 февруари, 2021 во 09:47
17.02.2021
Во акциска контрола што вчера, среда, беше спроведена на подрачјето на Велес, во временски период од 08 часот наутро до 16.00 биле регистрирани четири прекршоци за возење со брзина поголема од пропишаната.
Во текот на истиот ден, за непочитување на уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 22 лица, 18 од нив се од Велес, двајца од Кавадарци и двајца од Неготино, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева