Еден велешанец почина и четворица се оздравени од Ковид-19

Објавено на 17 февруари, 2021 во 16:32

Velespanorama fin

17.02.2021

Починатиот е на возраст од 66 години. Тој се лекувал на Инфективно одделение во велешка болница и поради влошена здравствена состојба пренесен е на скопските клиники. Денеска како ново инфицирани се пријавени шест сограѓани додека за оздравени четворица велешани. Бројката на активни случаи во градот изнесува 236 граѓани.

Информациите ги соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нов случаj на ковид-19 во државата.

Од Вардарски регион најголем број на новозаболени има Кавадарци 26 и во Неготино 13 лица. Оздравени освен во Велес има и шест во Кавадарци, четири во Неготино и еден во Свети Николе.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г) и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.