Во велешка болница починати двајца пациенти како последица од коронавирусот, во моментов хоспитализирани 49 граѓани
Објавено: 11 март, 2021, во 13:07 часот
11.03.2021
Во велешка болница како последница од коронавирусот починати се две лица, 82 годишен пациент од Велес и 75 годишен од Демир Капија. Двајцата биле лекувани два дена на Инфективно одделение.
Во моментов хоспитализирани се 49 лица од кои 35 позитивни, осум сомнителни и шест лица со негативен бриз но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се 18 пациенти а во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест, рече потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Од хоспитализираните, на Инфективно одделение се лекуваат 41 и на Интерно одделение осум пациенти.
Стефани Манева


