Во последното деноноќие пет лица не го почитувале полицискиот час во Велес и 26 не носеле маска

Објавено на 26 март, 2021 во 09:23

eshtrthtr 234695

26.03.2021

Во текот на последното деноноќие на територија на Сектор за внатрешни работи Велес, седум лица ја прекршиле забраната за движење за време на полицискиот час. Од нив пет во Велес и двајца во Кавадарци. Од почетокот на полицискиот час, кој трае од 22:00 до 05:00 часот, ова е највисока бројка на граѓани кои не ја почитуваат оваа мерка.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на истиот ден, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштота евидентирани се 34 лица. Најголем број на граѓани се од Велес односно 26 и осум во Кавадарци.

Се апелира до сите граѓани да седат во своите домови, да носат маска и да ги почитуваат мерките воведени од Министерство за здравство, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.