Тројца починати пациенти од корона вирус во велешка болница

Објавено на 28 март, 2021 во 14:23

bolnicavelesoddron fin

28.03.2021

Мажи на 71 годишна возраст хоспитализирани пред еден ден , на 51 годишна возраст хоспитализиран пред четири дена и на 66 годишна возраст хоспитализиран пред 10 дена починаа на Инфективно одделение. Сите тројца се од Велес.

Денеска вкупно хоспитализирани се 78 пациенти од кои 63 се потврдено позитивни, 9 сомнителни и 6 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. Осум пациенти се повеќе од вчера.

На кислородна поддршка се 26 пациенти.

Инфективното одделение е целосно полно со 54 пациенти, во Модуларна болница се лекуваат 14 пациенти и има 38 слободни кревети и на Интерно одделение се лекуваат 10 пациенти со полесна клиничка слика.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.