Полициски викенд билтен: Повреден работник на работно место, тепана жена, исчезнато машко лице

Објавено на 5 април, 2021 во 14:53

svr veles

05.04.2021

Секторот за внатрешни работи Велес евидентира дека во текот на вчерашниот ден, 4 април, годинава во 20:15 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со повреди бил донесен Г.П.(31), кој се повредил при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.

Исто така мајка од Неготино, С.Л на 53 годишна возраст во Полициска станица во Неготино пријавила дека од домот се оддалечил и не се вратил нејзиниот син И.Л.(30). Полицијата работи на пронаоѓање на лицето.

Во Полициска станица Велес се пријавени:

Oд страна на 56-годишна жена дека околу 16.00 часот на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес била физички нападната од едно лице. Во 19.30 часот А.М.(18) од Велес пријавил дека на ул.„Петре Прличков“ бил каснат од куче скитиник и еден час подоцна Е.В.(32) од Велес пријавил дека неговиот малолетен син на ул „Јордан Џурнов“ бил каснат од куче скитник.

Каснување од куче скитник вчера пријавила и 70-годишна жена од Демир Капија на локација пред основно училиште во градот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.