Починатa жена од ковид 19 во Општа болница Велес

Објавено на 14 април, 2021 во 14:33

bolnicaodavion fin

14.04.2021

Жената е од Велес и имала 83 години. Таа била позитивна на корона вирус и ,лекувана 13 дена во Модуларната болница.

Денеска во болницата вкупно се хоспитализирани 100 ковид болни. Од нив 86 пациенти се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и 12 пациенти имаат негативен брис но се задржани на болничко лекување.

Најголем број од ковид пациентите се лекуваат на Инфективно одделение поточно 50, во Модуларна болница 32 и по девет на Интерно одделение и на Одделението за физикална медицина и рехабилитација.

Денеска на кислородна поддршка се 47 пациенти.

Од болницата испишани се осум пациенти како оздравени со по еден негативен тест на Ковид 19.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.