Велес доби мини-пич терен кој го носи името на спортската икона Панче Ќумбев

Објавено: 22 јули, 2025, во 17:03 часот

Современиот спортски простор кој го носи името на фудбалската гордост на Велешани, Панче Ќумбев, е донација на „Mozzart“ како дел од позната хуманитарна иницијатива на компанијата насловена како „Фудбалот е повеќе од игра“.

Спортот може да биде повеќе од само игра, тој спојува генерации, инспирира млади таленти и ја зајакнува локалната заедница смета и Ќумбев со кого Дума.мк денеска разговараше и го прашаше:

Што лично претставува за една фудбалска икона добивање на спортски терен со неговото име и презиме?

Ќумбев: „Пред се голема чест и задоволство,но и голема одговорност и обврска да продолжам да придонесувам на свој начин за развој на спортот и спортската едукација на младите спортисти и младите велешани. Голема благодарност до “Моцарт” што вложува во спортска инфраструктура во целата Македонија, затоа што добрите терени се основен услов за развивање на младите таленти. Нашиот Велес секогаш давал големи спортисти и големи луѓе,и секако овој гест на Моцарт за мене преставува големо признание.Се надевам дека ова ќе биде само еден почетен бран на инвестиции од овој карактер,затоа што Велес има спортски легенди кои што исто така заслужуваат некој од идните терени да го носат нивното име.Пред се овде мислам на Пепи Манасков, Тодор Мијаков-Кошот, Петре Ранготов, Владимир Брчков, Илчо Боров и многу други спортски ведети кои секогаш успешно го прествувале Велес и Македонија.“

Дали спортскиот терен ќе придонесе за поттикнување на децата, младите за омасовување на фудбалот во Велес, поттикнување на поголем број да започнат да тренираат и талентираните да станат нови надежи на ФК „Борец“?

Ќумбев: „Секако дека вакви терени ќе значат подобри услови и се повеќе деца ќе имаат место за своја игра и забава. Би сакал сите големи компании да земат пример од “Моцарт” и инвестираат во спортски терени и детски игралишта за да ја натераме нашата младина повеќе да спортува и рекреира а помалку да седи дома пред компјутер и телефон.За жал моменталната состојба со спортот во градот не ни е идеална но еве причина да се разбудат сите општествено одговорни институции и се заложат за подобра иднина на нашата младина преку спортот и рекреацијата. Да се надеваме дека на овој и на сите други терени во градот ќе се роди во иднина некој нов спортист кој ќе го преставува нашиот град и држава секаде во светот. Оваа прилика ја користам да ги замолам сите Велешани да си го чуваме нашиот град и нашите јавни површини затоа што тоа е за сите нас.Спортски поздрав.“

Мини-пич теренот кој што го носи името на спортската икона Панче Ќумбев се наоѓа на брегот на река Вардар, на улица „Петре Прличко“ бб веднаш до  кошаркарското игралиште кај Автобуска станица во Велес. Од вечерва на него ќе се игра фудбал во градот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.