Велес ќе трча за Кочани: Во тек се пријавите за хуманитарната трка

Објавено на 5 мај, 2025 во 13:25

Под мотото „Сите за Кочани, трчаме заедно“, на 25 мај, недела, со почеток од 10:00 часот во Градскиот парк во Велес, ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Јуроп Хаус Велес и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Настанот се организира по повод одбележувањето на Денот на Европа, а носи силна хуманитарна порака – собирање средства за помош на семејствата настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани.

Трката има ревијален и инклузивен карактер и ќе ги обедини граѓаните на Велес, претставници на дипломатскиот кор, јавни институции, компании, како и сите оние што сакаат преку спорт и солидарност да дадат свој придонес.

-Секоја котизација за учество во трката претставува директна донација. Ги покануваме сите институции, организации и граѓани да се пријават и да станат дел од оваа хумана иницијатива, истакнуваат од Јуроп Хаус Велес.

Заинтересираните можат да се пријават преку следниот линк:
https://europehouse.trki.mk/mk/events/site-za-kocani-trcame-zaedno-veles/register

Организаторите најавуваат дека сите форми на поддршка ќе бидат јавно истакнати за време на настанот и преку официјалните комуникациски канали.

Хуманост, заедништво и спорт – Велес ќе трча со срце за Кочани.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.