Велес, најтопол град во државата со измерени 34,5 Целзиусови степени

Објавено: 10 јуни, 2026, во 08:45 часот

Велес вчера се најде на врвот на листата на најтопли градови во државата, со максимално измерени 34,5 степени Целзиусови. Веднаш зад него се Демир Капија и Кавадарци, каде во попладневните часови биле регистрирани 32,4 степени.

Поради високите температури, здравствените работници препорачуваат граѓаните да внесуваат доволно течности, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот и да носат лесна и светла облека. Се советува и консумирање лесна храна, овошје и зеленчук богати со вода.

Посебна внимателност е потребна кај децата, повозрасните лица и хронично болните, кои се најранливи на последиците од топлотните бранови. Надлежните апелираат граѓаните да ги следат препораките за заштита од високите температури и да избегнуваат непотребно изложување на сонце во текот на денот.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.